Бизнис
14. May 2020 - 19:44
16 милиони евра пад во извозот на земјоделски производи
За 16 милиони евра намален извозот на земјоделски производи. Коронавирусот го успори пласманот на странските пазари. Но намалување има и кај увозот. Таму е регистриран пад од 15 милиони евра, велат од министерството за земјоделство. Кај одредени производи цената е зголемена, а кај некој има намалување.
Димковски уверува дека се подготвуваат за претстојната винска сезона со оглед на тоа што виното, по тутунот е втор најизвезуван земјоделски производ.
Не очекува дополнително пореметување на пазарот, затоа што состојбата со вирусот полека се стабилизира, а се најавува и отворање на границите. Сепак апелираат до граѓаните повеќе да се насочат кон купување на домашни производи.
-
Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар
-->
-->