Македонија
7. April 2020 - 14:36

15.000 вработени во угостителството останале без работа, угостителите нема да ги користат владините мерки

Околу 15.000 работници од угостителството се веќе одјавени од работа. Тоа е 60% од сите вработени во овој сектор. Угостителите веќе не бараат помош од Владата затоа што тие мерки што им се понудени не им се од корист и дополнително ќе ги задолжат.

Според угостителите, понудените мерки важат за оние кои досега не користеле никакви мерки од државата. Понудената помош за април и мај исто така е недоволна затоа што тие не работат од првата половина на март.

Министерството за труд денеска пак инфомрира дека сите што останале без работа имаат право на паричен надоместок во висина од 50% од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеци. Право на паричен надоместок има невработено лице што било во работен однос најмалку 9 месеци непрекинато, или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци, пред престанокот на работниот однос. Министерствто повика тие што останеле без работа да се обратат до Центарот за вработување во местото каде што живеат во ром од 30 дена од моментот кога им прееинал работнмиот однос.

Агенцијата за вработување вчера информираше дека бројот на одјави во овој период е во рамките на ланскиот и дека нема промени во бројот на евидентирани невработени лица.