Македонија
18. December 2019 - 19:33

15 комисии ќе одлучуваат за доделување на „туѓа нега“

Илјадници граѓани со месеци чекаат одлука дали им следува туѓа нега. Измените на законот за социјална заштита го закочија процесот.

Предметите се натрупани зошто имаше само една комисија која немала капацитет побргу да одлучува, признава министерката за труд и социјала. Затоа во иднина документите ќе ги разгедуваат 15 комисии составени од доктори. 5 се во Скопје, а 10 во останатите региони во земјава.

-Наместо една сега има 15 комисии кои се под здравствените домови и во соработка со Центрите за социјални работи ќе ги решаваат предметите и побрзо ќе ги враќаат клај граѓаните. Затоа што навистина има застој од 3-4 месеци и тоиа не е дозволиво. Зошто тој што има потреба од туѓа нега треба многу побргу да му се реши и сигурна сум дека во наредните месеци ова ќе се надмине, изјави Мила Царовска, министер за труд и социјална политика.

Инаку туѓа нега во земјава користат околу 40.000 граѓани над 26 годишна возраст. Тие после една година се должни да одат на нов преглед и документите повторно да ги достават во Центрите за социјална работа и пак треба да одучува стручната лекарска комисија.

Висината за овој надоместок е од 3900 до 4400 денари месечно.