15-годишник со Голф направил тешка сообраќајка во Кондово, повредени шест лица меѓу кои 2-годишно девојче

На 10.11.2025 во 14:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат од с.Кондово кон с.Долно Свиларе, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 15-годишник од Скопје и патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(27) од с.Долно Свиларе.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетниот возач и неговиот 14-годишен сопатник од Скопје, додека со телесни повреди се здобиле 15-годишник од с.Кондово, 17-годишник од Скопје, сопатници од возилото „фолксваген голф“, како и 27-годишната А.М. и двегодишно девојче од с.Долно Свиларе, сопатнички од возилото „фолксваген пасат“, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Ново на Сител
-

СДСМ: Савевски работи по налог на Мицкоски
-

Николоски: Нови инвестиции во Охрид
-

Нова апаратура во „Мајчин дом“
-

О. Карбинци со четирикратно зголемување на средствата од данок на имот
-

Преглед на вестите од светот
-

Законот за високо образование пред владина процедура - дел од фелата оценува дека суштински измени нема
-

Тема на денот со Петар Арсовски, аналитичар
-

Сиљановска Давкова – Милатовиќ пред студентите: Потребен е јасен сигнал од Брисел за проширувањето
