144 санкционирани возачи во Скопје, 17 за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 144 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест мерки за возење под дејство на алкохол. Изречени се пет мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз, пет санкции за возач почетник, три мерки за нерегистрирани возила, три санкции за користење мобилен телефон при возење...
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Имаше обид за инженеринг за вистината за Делчев
-
Имало ли пријави за насилство?
-
Возачот кој на пешачки ја удри Фросина Кулакова седнува во судница
-
Велосипедско возење во знак на поддршка на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани
-
Царината наплати над 190 милиони евра во април – речиси 13 милиони повеќе од лани
-
АХВ казни 14 месарници – Уништени над 300 килограми небезбедна храна
-
Мапирање на диви депонии со помош на вештачка интелигенција - пилот проект во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот