-->
-->
13ч: Вардар против А.Пандев
-->

Поради настапите на Вардар во Лигата на Европа, до почетокот на зимската пауза ФК Вардар има уште два натпревари за доигрување во првенството и еден од Купот на Македонија. Веќе денеска Вардарци го играат заостанатиот натпревар од 17. коло со Академија Пандев.
Во 13 часот на Националната Арена „Филип Втори“ шамионот е домаќин на струмичкиот тим. Вардар има една победа во дуелот со Академија Пандев, кога го совлада во Струмица со 0:2 со головите на Максимов и на Стојков.
После Академија Пандев, Вардар ќе игра уште против Работнички како домаќин, и идниот викенд, поточно на 17 декември е гостинскиот натпревар против Шкупи во рамките од реваншот од Купот на Македонија. Како што е познато, првиот меч заврши нерешено 1:1.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Системски пропусти за загадената вода во Струга
-

Тема на денот со Андреј Лепавцов, претседател на Паневропска Унија во Македонија
-

Карневалски денови во Струмица
-

Колку ќе биде тешко да се докаже дали во кумановско имало сериски убиец?
-

Истрага за пет тони марихуана
-

Бугарија ќе нема право на вето кај постепеното зачленување во ЕУ
-

Паневропска Унија: Сите земји треба да имаат полноправно членство на ЕУ, не држави без право на глас
-

Забрзано се гради новата делница од Коридор 8 Гостивар - Букојчани
