1300 нови работни места во фабриката „Магна мирорс“ во Струга
Нова странска инвестиција во технолошко индустриската развојна зона во Струга. Kанадската компанија Магна Мирорс која произведува автомобилски системи, модули и компоненти кои се испорачуваат на најзначајните производители на автомобили во светот се очекува да вработи околу 1 300 лица, а поддршката од државата на оваа инвестиција е околу 50 проценти.
Премиерот Ковачевски, најави дека одлуката да се отвори фабрика во нашата земја се должи на нашето членство во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ, но и позитивната бизнис клима што ја создава државата.
Директорот на ТИРЗ Депотовски, порача дека продолжуваат да работат и очекува двојно да се зголемат странските директни инвестиции.
Магна интернационал“ е канадска компанија со глобално седиште во Онтарио-Канада.
Глобалната мрежа на Магна се наоѓа на пет континенти и 28 држави и се состои од 347 производствени операции и 90 центри за инженеринг, продажба и развој со повеќе од 158.000 вработени“.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
