13 септември - Светски ден на сепсата
Сепсата е живото-загрозувачка состојба која однесува голем број животи. Статистиките велат дека на секои 3 секунди по еден пациент умира од сепса, а годишно на светско ниво од 50 милиони лица, 11 милиони умираат. Во Македонија статистиката е слична. Во светот веќе 10 години наназад се одбележува Светскиот ден на сепсата, 13 септември, со цел да се подигне нивото на свеста. Службата за анестезија, реанимација и интензивно лекување при Клиничката болница Битола, годинава за прв пат го одбележува овој ден.
-Моментално ние во нашата болница ги следиме светските трендви во лекување ан апациенти со сепса,и за жал статистиката е иста како и во сите светски рамки и кај нас, многу негативна, со лош тренд и многу заболени и ризични групи. Но се надеваме дека со одбележувањето на овој ден и со подигнување на самата свеста и кај граѓаните и медицинските работници, ќе постигнеме подобра бројка на излекувани пациенти, изјави д-р Сотир Николовски, раководител на Сарил Битола.
Она што е најбитно е да се обрати внимание на брзото детектирање на сепсата, таа е временско-зависна болест.
-Тоа значи дека секоја секунда се повеќе се зголемува морталитетот. Навременото откривање, препознавање, брзата реакција и третман е витален за оваа болест. Заради тоа свесноста мора да ја подигнеме. Почитување на мерките на стерилност, на редoвна вакцинација, користење антибиотици, истакна д-р Николовски.
Но д-р Николовски потенцира и дека сепсата претставува и голем здравствено-економски проблем, затоа што се трошат огромни финансии, а најголем дел од трошоците паѓаат на лекувањето токму во интензивната нега.
-
Маја Богоевска
Сите содржини од овој новинар