Македонија
16. April 2022 - 18:18

126 нови случаи на КОВИД-19 во земјава, нема пријавено починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 2.152 тестови, а регистрирани се 126 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 55, Битола – 23, Велес – 9, Кавадарци – 6, Прилеп – 5, Гостивар – 4, Охрид, Струмица и Гевгелија – по 3, Куманово, Тетово, Штип, Кочани и Ресен – по 2, Кичево, Струга, Радовиш, Делчево и Пробиштип – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (126), регистрирани се 19 реинфекции.

Регистрирани сe 152 оздравени пациенти од: Скопје – 86, Битола – 24, Прилеп – 9, Велес, Кавадарци и Кичево – по 5, Куманово – 4, Кочани и Демир Капија – по 3, Струмица и Ресен – по 2, Гостивар, Гевгелија, Штип и Крива Паланка – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа,  не се регистрирани починати лица.

Направени се 2.152 тестови преку: ИЈЗ-139, ЦЈЗ Скопје-75, ЦЈЗ Битола-57, ЦЈЗ Прилеп-15, ЦЈЗ Тетово-15, ЦЈЗ Куманово-31, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–65, Жан Митрев (Филип Втори)-44, Авицена-51, Биотек-56, Систина-23, лабораторија Лаор-67, Синлаб-15, Ремедика-6, Плодност-16, Генеа-14, Никоб Лаб-182, ВФВ Медикал-33, Ели Медика Плус-13, Ројал Медика–36, Спектра-ММ-9, Рапид Лаб–7, Жан Митрев Струмица–4, Нова Лаб Дијагностика–11, Рамус-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.160.

Досега во земјата се направени вкупно 1.994.836 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308.516, бројот на оздравени пациенти е 298.251, на починати е 9.261, а бројот на активни случаи изнесува 1.004.