Македонија
7. September 2015 - 16:43

125 нови војници ја облекоа униформата на АРМ

Успехот на секоја армија лежи во високо обучениот, мотивиран и квалитетен воен персонал. Министерот Јолевски со мотивациски говор пред новите 125 професионални војници кои го добија своето место во армијата на Република Македонија. Интензивните обуки и селекции кои се спроведоа минатите месеци одредија кој ја заслужува воената униформа.

Бројните реформи кои беа спроведени во минатите години резултираа со кревање на интероперабилноста внатре во Армијата но и компатибилноста со НАТО армиите.

Според најавите и проценките до крајот на 2015 година во македонската армија ќе бидат вработени вкупно 250 нови професионални војници кои ќе ги поминат интензивите обуки и елиминациони селекции.