Македонија
15. December 2021 - 16:38
1.200 амандмани за приватизацијата на брзата помош
ВМРО-ДПМНЕ бара повлекување, Левица најави блокада со 1200 амандмани. Новиот закон за здравствена заштита кој предвидува приватизација на брзата помош и можност да се пресадуваат органи во приватни клиники според опозициските партии оди директно на штета на граѓаните.
Во СДСМ велат дека итната помош нема да се приватизира туку ќе им стане подостапна на граѓаните
Од СДСМ додаваат дека измените во законот за трансплантација на органи амандмански веќе се повлечени. Од партијата најавуваат и јавна расправа за ова законско решение. Законот за здравствена заштита денеска влезе во собраниска процедура откако минатата недела, Владата го поднесе по скратена постапка.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
