Македонија
20. May 2018 - 18:06

120 учесници дел од традиционалната трка на Селечка планина

По 4-ти пат во Прилеп се одржа планинската трка „Momata rock trail“ на падините на Селечка планиина. Трката е долга 21 км, а на неа учествуваа над 120 учесници од цела Македонија. Организатор е Здружение за атлетски и планински спортови „Единак“ од Прилеп.

„Со вакви настани може и тоа како да се продолжи туристичката сезона и може да понуди нешто што останатите градови и туристички дестинации во Македонија не можат да го понудат“, вели Рубин Николоски, од Здружение за атлетски и планински спортови „Единак“ од Прилеп кои се организатори на трката.

Со ваквите настани Прилеп само уште еднаш докажува дека е Центар за развој на екстремниите спортови во Македонија.

„Секако дека е една од најубавите, најимпресивните трки во Македонија, иако ги имаме во мал број. Од година во година расте ваквиот број на трки, засега ги имаме околу 4 вакви треил трки“, вели вели Жикица Ивановски, учесник на трката.

Планинското трчање станува доста популарен спорт во Македонија и има големи перспективи за развој.

„Тоа е активност во која што човек среќава прекрасни луѓе и едноставно не може да се измори. Мислам дека не претставува проблем ни далечината, ни парите, ни возраста, едноставно сите доаѓаат за дружење. Многу малку доаѓаат за постигнуваат некои резултати“, кажа Никола Исајловски, учесник на трката.

Организаторите планираат од наредната година зголемување на трката за уште една категорија.

Организаторите на оваа планинска трка се надеваат дека идната година „Momata rock trail“ ќе има уште една категорија долга 40 км. и дека оваа трка ќе влезе во официјалното рангирање Светската асоцијација за планинско трчање.