Македонија
25. August 2015 - 17:06

12-та питијада во Велес од 9 - 12 октомври

Oпштина Велес ги заврши подготовките за годинешната питијада.. Фестивалот на пита и вино ќе се одржи од 9-ти до 11-ти октомври.. според најавите на организаторот, годинава е предвидено да учествуваат вкупно 50-тина производители на вино и пастрмајлии.. од локалната самоуправа велат дека манифестацијата придонесува за подобрување на локалната економија.. на минатогодиншната питијада освен учесниците, екстра профит оствариле и сите дуќанџии..

За добрата забава на гостите ќе се погрижат 20-тина музички имиња од Македонија и ЈУ просторите.. Миле Кузмановски, Тамара, ДНК, македонските финалисти од Х-Фактор, Парни Ваљак се дел од музичарите кои ќе настапат на годинешната питијада.. продолжена музичка забава ќе има за помладата публика..

И годинава питијадата ќе се одржи на улицата пред гимназијата.. продолжено работно време ќе добијат сите угостителски објекти а ќе се воведе и времен режим на сообраќјот.. за гостите од другите градови ќе се обезбеди и паркинг простор за возилата.. велешката питијада се организира 12-та година по ред..