Македонија
19. March 2020 - 14:49

12 пријави за прекршување на самоизолацијата, 1000 лица се под надзор на полицијата

МВР поднесе нови 12 кривични пријави против граѓани кои не ги почитуваат мерките за самоизолација. 5 лица од Битола, 4 од Прилеп, едно лице од Охрид и двајца кумановци кои пристигнале од ризични земји, потпишале решенија за домашна излоација, но полициските службеници не ги пронашле во нивните домови при контрола.

Министерот Чулев вели несовесното постапување на поранешната директорка на клиниката за кожни болести Нина Цаца Биљановска сега е во рацете на обвинителството откако МВР поднело соодветна пријава. Во меѓувреме полицијата врз надзор и врз граничните премини, каде се регистрирани над 2200 излези од државата.

Чулев вели дека полицијата ги проверува сите информации за поголеми групни собирања на млади лица во викенд куќи во околината на Скопје, но до овој момент не се затекнати вакви прекрувања на владините мерки.

По вчерашната одлука за вонредна состојба Чулев вели дека во текот на денот со Армијата ќе формираат кризен штаб за тоа во кои делови армијата ќе и помага на полицијата.