12 општини во Скопје со заразени од корона вирус, најмногу заболени има во општините Центар и Карпош
Според извештајот на Институтот за јавно здравје, до 30 март, на ниво на општина на територијата Скопје, заболени лица од коронавирус се пријавени во 10 општини.
Најголем број на случаи на Ковид-19 има во Карпош -34, потоа доаѓа општина Центар, каде има 28 заболени. 25 регистрирани случаи има во општина Кисела Вода, а само два помалку во Гази Баба.
Следуваат Ѓорче Петров со 14 и Аеродром со 12 заболени, а во Бутел, Чаир и Сопиште има по седум случаи. Во Илинден има шестмина, а еден од заболените е странец. Вкупно 12 лица потекнувале од друг град, а живееле во Скопје.
Според денешните информации од Министерството за здравство, на ниво на цела Македонија најмногу случаи се регистрирани во Скопје, вкупно 183 заразени, а од денеска на второ место е Куманово, каде има регистрирано 54 заболени. Во изминатите 24 часа регистрирани се 25 нови случаи, по седум во Скопје и Куманово, пет во Тетово, два во Прилеп и Струга и по еден заболен во Гевгелија и Кочани.
Ново на Сител
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!
-
Шпанија и Португалија без струја
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка