Македонија
23. July 2015 - 19:49

12 милиони евра од ИПАРД за македонските села

Руралните општини и  јавните претпријатија за стопанисување со шуми и пасишта од крајот на годината ќе можат да аплицираат за ИПАРД 2 мерката.  На располагање имаат 12 милиони евра.  Со овие пари, кои ги обезбеди Европската Унија ќе се градат селски улици и патишта, канализациона мрежа, ќе се обезбедува електрична енергија во нивните домови.

На овој начин ќе се подобри квалитетот на животот на луѓето кои живеат во овие средини, со што се  очекува да го спречи нивната  миграција кон градовите.

Искуства и помош како да се искористат овие пари и како да дојдат до оние општини каде се најпотребни  се црпеше од Словенија, земја која исто така имаше на распологање европски пари за инвестиции во руралната инфраструктура.

За Твининг проектот, финансиран од Националната програма ИПА 2010 беа издвоени 250 илјади евра. Поради незнаење,но и бројни административни  процедури,  дел од парите останаа неискоритесни.