117 години по смртта, Гоце Делчев и натаму ја бранува политичката сцена
Ниту по 117 години од смртта на Гоце Делчев не стивнуваат политичките бранувања за ликот и делото на револуционерот. Визионерот кој светот го разбирал како поле за културен натпревар на народите, сега е камен на сопнување за историчарите. И по речиси една година откако Делчев се најде пред мешовитата македонско-бугарска комисија, се уште нема одговор на прашањето чиј бил револуционерот. Неговото име сега се наметнува и како услов во преговори за членство во Европската унија.
На денешното одбележување на годишнината од смртта на револуционерот, политичките претставници во земјава согласни се дека Гоце Делчев е темел на македонската државност.
За Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ тој не може да биде предмет за преговори.
Претседателот на СДСМ смета дека Гоце Делчев е симбол на македонската независност..
„Чествувањето на Гоце Делчев треба да обединува исто како што обединуваше Гоце Делчев како водач на македонското револуционерно дело“ напиша на фејсбук Зоран Заев.
Вицепремиерот Шеќеринска по положувањето цвеќе пред гробот на Гоце Делчев беше спречена од навивачки групи да даде изјава.
Ваквото скандирање за Шекеринска било политички потег.
И Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев смета дека Гоце Делчев треба да ги обединува двете држави и вели дека спорот не е современата реалност туку толкувањето на историјата. Побара таа да се темели на историски извори и факти а не толкување на одделни историчари.
Гоце Делчев важи за деец на македонската револуционерна борба и водач на македонското националноослободително движење. Целиот живот го посветил на формирањето самостојна држава.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар