110 казни за непрописно паркирање во Скопје
На подрачјето на Скопје изминатото деноноќие полицијата издала 110 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 69 возила.
Според дневниот билтен на СВР Скопје, изминатите 24 часа од сообраќај се исклучени 34 возачи кои возеле пред да се стекнат со правото на управување моторно возило и еден возач почетник, како и 27 нерегистрирани возила. Полицијата санкционирала и 13 возачи кои возеле побрзо од дозволеното.
Евидентирани се и 48 возачи за неносење сигурносен појас и 38 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека возеле.
Изминатото деноноќие се случиле седум сообраќајни незгоди во кои се повредени осум лица, како и една сообраќајка со материјална штета.
Од СВР Скопје за денеска најавуваат дека ќе се реализираат едукативни работилници од областа на сообраќајот со ученици од седмо и осмо одделение во ООУ „Мирче Ацев“.
Ќе се реализира и посебна воспистна мерка – сообраќајна поука на која ќе учествуваат граѓани кои направиле прекршоци по разни основи во својство на возачи.
Ново на Сител
-

Без струја дел од Чаир
-

Облачно со повремени локални врнежи од дожд, снег на повисоките места и на планините
-

Исчистен дел од одроните на патот Берово - Струмица, сообраќајот се одвива по една коловозна лента
-

Во прекин сообраќајот на патот Берово - Струмица
-

Поднесено обвинение против градоначалникот на Будимпешта бидејќи дозволил одржување на Парада на гордоста
-

Трамп повторно му се закани на Иран
-

Кривична пријава против струмичанка за присвојување осум мобилни телефони од продажен салон во Гевгелија
-

Радосна вест од Скопска ЗОО: Џуџестите мармозети добија близначиња
