11-тата традиционална Школа за млади лидери на поранешниот претседател Иванов ќе се одржи онлајн
Кабинетот на поранешниот претседател Иванов информира дека по 11-ти пат ќе се одржи традиционалната Школа за млади лидери на Претседателот Иванов, но прв пат во онлајн издание, поради мерките и препораките за превенција од корона вирусот. Денес, е објавен конкурсот за учество на Меѓународната обука за млади лидери на проф. д-р Ѓорге Иванов, Претседател на Република Македонија 2009-2019, која оваа година ќе биде на тема: „Лидерството во услови на глобални кризи“.
Меѓународната обука за млади лидери на проф. д-р Ѓорге Иванов, Претседател на Република Македонија 2009-2019, се одржува од 2010 година. Вкупно, во досегашните 10 обуки, учествуваа околу 400 млади луѓе од целата земја, но и од странство, со различен академски и професионален фокус. Пред десетте генерации учесници на Школата за млади лидери, свои предавања одржаа над 200 реномирани предавачи од Република Македонија, Европа и светот. Во 2018 година, Школата за млади лидери е прогласена за најдобар социјално одговорен проект во Европа за 2017 година од страна на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели
Програмата е намената за млади луѓе со завршено високо образование до 35 години, дипломирани студенти и професионалци со работно искуство. Се очекува учесниците да имаат желба континуирано да ги развиваат и усовршуваат нивните лидерски вештини и да придонесуваат за позитивен развој на општеството и околината во која живеат и работат.
Оваа година, Школата за млади лидери ќе се организира онлајн, во месец декември, во три викенди, 5-6, 12-13 и 19-20 декември 2020 година.
Обуката опфаќа предавања од предавачи од земјата и од странство, фокусирани на искуствата и знаењата кои би ги поттикнале учесниците да размислуваат аналитички и да креираат заеднички решенија за предизвиците со кои се соочуваат. Предавањата ќе се одвиваат на македонски и англиски јазик, а предвидуваат и интерактивно вклучување на младите учесници.
Бројот на учесници на Школата е ограничен, а право на учество имаат сите млади кои ги исполнуваат условите наведени во конкурсот кој е објавен на веб страната (линк) и на фејсбук страната (линк) на поранешниот Претседател Иванов.
Ново на Сител
-
Тошковски: Јасен е ставот на Владата за разрешувањето на Коцевски
-
Приведени 20-годишник и малолетник од тетовско, пронајдена марихуана и нож во нивното возило
-
Бегалец од затвор при преглед на неговото возило приложил фалсификувани бугарски документи за идентификација
-
Кешишев се прекрстува и се упатуваат кон Велес, снимки презентирани на судењето за убиствата на Вања и Панче
-
Мицкоски: Македонскиот јазик не е само средство за комуникација, туку жива историја, длабока емоција и идентитет
-
Македонската кибербезбедност петта најранлива во Европа
-
Мувлосаниот леб нема здрави делови, фрлете го цел
-
Естонија прогласена за земја со најчист воздух во светот