Македонија
29. January 2020 - 17:11

11 камиони со отпад за Цементара запрени на Богородица

11 камиони натоварени со отпад кој доаѓа од Грција се запрени за вонреден инспекциски надзор на граничниот премин Богородица, дознава Сител од свои извори. Веста за вонредниот надзор преку соопштение ја потврдија и од министерството за животна средина, но без да го наведуваат бројот на возилата што се контролираат. За сега нема некои по конкретни информации за отпадот,  за каде точно е наменет, ниту пак за неговата количина. Единствената официјална потврда е дека надзор имало, ана  земените примероци од отпадот ќе се прави анализа

„Државниот инспекторат за животна средина во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање и Царинската Управа, врши вонреден инспекциски надзор над пратка со отпад (РДФ) запрена на граничниот премин Богородица помеѓу Република Северна Македонија и Грција. По извршениот увид на документацијата и анализа на земените примероци од страна инспекторите и царинските служби, резултатите ќе бидат споделени со јавноста.“ стои во соопштението од животна средина.  

Синоќа на социјалните мрежи беше објавена информација дека пратка со штетен отпад од Грција патува кон Македонија. Дали се работи за шпекулација или не за сега нема информации. Во моментов не е познато ниту тоа дали има некаква поврзаност помеѓу информациите објавени на социјалните мрежи и пратката која беше контролирана денеска или пак се работи за случајност.