Македонија
27. May 2024 - 7:56

100 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (26.05.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 100 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 23 санкции, седум санкции за користење мобилен телефон при возење, пет мерки за минување на затворен сигнал - црвено светло, осум санкции за некористење на сигурносен појас, 22 мерки за прекшоци што ги чинат возачи на моторцикли...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.