100 години од пробивање на македонскиот фронт и победничката офанзива во првата светска војна
Денеска се одбележуваат 100 години од денот на победничката офанзива и пробивот на Македонскиот фронт кај Добро Поле. Тоа придонесе за брзо потпишување на примирјето кое се случи на 11 ноември 1918 година. Токму затоа, денеска Општина Новаци, француската амбасада, голем број историчари, истражувачи, спортисти и туристи тргнаа со џипови по линијата на Македонскиот фронт до Добро Поле. Целта е промоција на културно-историскиот туризам.
-Сакам да им дадееме почит на сите жртви, и на воените и на цивилното наслеение. Екскурзијата е и поголема промоција на Мраиово, рече Јове Парговски, здружение за запознавање и патување Оф роуд - Македонија- Битола.
Но исто така, целта е да се посетат местата кои го чуваат заедничкото минато. Францускиот амбасадор истакна дека посакува историскиот туризам успешно да се развива.
-Во Битола и во Новаци, во знак на почит кон минатото и историското наследство, и да создаваме нови врски меѓу нашите две држави, речеКристија Тимоние, амбасадор на Франција во Македонија .
- Таа битка која пред еден век се одвивала на денешен ден всушност го означила почетокот на крајот на Првата светска војна. Многу историчари битката кај Добро Поле ја сметаат за пресудна битка бидејќи веднаш потоа беше потпишано примирјето со што настапи крајот на Првата светска војна, рече Љубе Кузмановски, градоначалник на Новаци.
На Добро Поле беше поставена плоча на местото каде во 1938 година имало споменик. Реплика на тој споменик вчера беше поставена на француските воени гробишта во Битола.