Македонија
14. September 2020 - 17:02

100 дена ќе се утврдува како да се пречисти судството - што велат судиите?

Во наредните три месеци министерството за правда ќе работи на изготвување на нов модел за поефикасно прочиствување во правосудството. Новиот министер за правда Бојан Маричиќ вели дека новиот модел треба да даде видливи резултати.

„Најважно ќе биде утврдување на имотната состојба и потеклото на имотот на секој обвинител преку Антикорупциска комисија и анализа на случаите – 5% од случаен избор, но и на случаите кои застариле, по која основа застариле, дали можеби има намерно непостапување на судиите или на обвинителите и тоа ќе биде првиот филтер.“

Првиот човек на Судскиот совет, Киро Здравев, во чија надлежност е да ја оценуваат работа на судиите, смета дека не треба да има класичен ветинг.

Здравев вели и дека досега извршиле надзор на 10 судови ширум земјава. Во следите два месеци треба да проверат уште 24 судови дали работеле согласно законот.

Опозицијата ја обвини власта дека е виновна за корумпираноста во правосудството.

Кој кого ќе ревидира и како? Дали Маричиќ ќе треба да ги ревидира одлуките на својот татко и сопруга, на нивни колеги и познаници?!

Не може СДСМ кои се проблемот за корумпираноста на судството да бидат решение.

Случаите против Зоран Заев, се класичен пример за одолговлекување на предмети и нивно држење во фиока, но и за аматеризам во правото, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку претходно евроамбасадото Жбогар велеше дека на Македонија не е потребел ветинг во правосудството по примерот на Албанија, бидејќи се работи за различни правни системи.