Македонија
12. August 2019 - 17:07

10-сетина интервенции дневно на Брзата помош поради здравствени проблеми поврзани со топлотниот бран

Портокаловата фаза го зголеми бројот на колапси, мозочни и срцеви удари. Од кога земјава ја зафати топлотниот бран со многу високи температури екипите на скопската Брза помош секој ден интервенираат кај десетина граѓани кои се онесвестиле додека се движеле на отворено. Во службата секојдневно имаат и по 5 до 6 повици за инфаркти и изливи.

- При вакви доста високи температури секое лето се зголемува бројот на мозочни и срцеви удари, изјави д-р Весна Неделковска, шеф на смена во Брза Помош Скопје.

Не само на јавен простор екипите на Брзата помош деновиве интервенирале и кај граѓани кои поради жештините колабирале во нивните домови.

- Не сите имаме можност и услови за разладување, затоа при вакви доста високи температури се препорачува да се затвораат прозорите и да се спуштат ролетните кога е многу топло, додаде д-р Неделковска.

Многу топло со температури над 40 степени ќе биде и утре и задутре. И наредните два дена ќе важат препораките од здравствените власти за портокалова фаза трудниците, хронично болните и лицата над 60 години да се ослободат од работни обврски, да не се работи на отворено од 11 до 17 часот и подолго време да се престојува во затворении по можност климатизирани простории.