Македонија
27. April 2022 - 16:42

10% од матурантите пропуштија упис на факултет во јуни, молк од СОНК и МОН

Десет проценти од матураните го пробија рокот за државната матура. Согласно календарот кој лани го подготви МОН, проктните задачи кои се составен дел од државната матура, требаше да бидат изработени во 21 април. Заклучно со денеска од вкупно близу 17000 матуранти, 1600 не го поминале првиот дел од матрурата и не можат да полагаат експетрни испити во јуни.

Од државен испитен центар велат дека ќе направат се што е во нивна моќ да се поместат роковите за изработка на проектните задачи за да може екстерните предмети кои се закажани за 04 и 13 јуни да се полагаат навреме. Навременото матурирање и најважно за децата кои веќе се запишале на факултети во странство и треба да ја комплетираат документацијата.

Штрајкот на СОНК започна на 11 април. Од денеска градинките работат редовно, но учениците се веќе трета недела надвор од клиупите. Членството на СОНК вчера ја одби понудата на Владатз за покачување на платите од 12% и завршување на штрајкот. За 04 мај најавен е и голем протест.