Македонија
10. December 2018 - 18:16

10 години во МВР работат иснпектори за превенција

Треба се уште да се работи на довербата меѓу полицијата и граѓаните, а отсекот за превенција во овој случај има голема улога во надминување на бариерите.

-Се уште граѓаните со недоверба гледаат, но краток е временскиот период додека тие се одважат да ни пристапат, како полиција да им докажеме дека ние сме нивниот сервис, заедно да патролираме, да вршиме служба и да имаме заедничка соработка, истакна Сашо Гилевски, началник на отсек за првенција

Оваа година се слават точно 10 години од првомовирањето на првите инспектори за превенција во МВР, а воведувањето на превенцијата за една деценија дало резултати на територијата на СВР Битола.

-Значењето на улогата на превенцијата во заедницата, во самото МВР, се вродило со плод, трудот не бил залуден, а како најранлива група се децата, но не заостанува и повозрасната заедница, имаме низа проекти, рече Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола. 

- Овие десет години имаме перманентно намалување како на тешките кражби така и на сообраќајните незгоди, рече Гилевски.

По повод Денот на превенцијата, 9 декември во Битола се одржа трибина за значењето и улогата на превенцијата во заедницата.