Македонија
15. September 2016 - 8:50

„Звуците на чаршијата“ и „Сите заедно“ во Старата скопска чаршија

Пејачот Тајзи и групата „Kida&Mozzik“ вечер во 21 часот на плоштадот „Филип Втори“ ќе ги отворат годинашните манифестации „Звуците на чаршијата“ и „Сите заедно“.

Следните два дена во Старата скопска чаршија во рамки на манифестациите ќе бидат одржани концерти, перформанси, фолклорни настапи, поезија, ликовна колонија и презентација на занаети. 

Организатор е Град Скопје кој за реализација на „Звуците на чаршијата“ издвои 900.000 денари, а за „Сите заедно“ 400.000 денари.

Како што е најавено, свој настап ќе имаат и „Dens“, „Банд“, „Full Stop“, „DhurataDora“, „McKresa&Lirical son“, како и група млади музичари на класични инструменти.