Фудбал
16. December 2015 - 11:01

Звезда плаќа пола милион за Радески

Српските медиуми денеска на големо пишуваат за можен трансфер на крилниот напаѓач на тетовска Шкендија , Марјан Радески во редовите на белградска Ц.Звезда. 

Се пренесува пишувањето на Македонски Спорт според која европскиот шампион нуди 500 000 евра за Радески. 
Младинскиот репрезентативец на Македонија летово од Металург за сума од 150 000 евра се пресели во Шкендија.