Кошарка
23. October 2015 - 11:27

Звезда и нанесе „срам“ на српската кошарка!

Кошаркарите на Црвена ѕвезда на натпреварот со Реал во Мадрид соборија еден негативен рекорд во Евролигата.
 
‘Црвено белите’ на крајот од првото полувреме имаа негатива од 36 поени (56:20).
 
Ова е најголемата негатива која еден тим ја имал на полувреме во евролигашки натпревар, преходно во 2013 година Фенербахче губел од Барселона по 20 минути игра со 53:19. 
 
Црвена ѕвезда до крајот на мечот успеа да избегне тотално фијаско, во еден момент од третат четвртина имаше негатива од 47 поени, а на крајот Реал победи со 98:71.