Loading Video...
Тенис
17. November 2018 - 17:09

Зверев преку Федерер до финалето на Мастерсот во Лондон

Александер Зверев е првиот финалист на завршниот Мастерс турнир во Лондон 
 
По првиот полуфинален меч на завршницата на АТП Мастерс серијата што се одржува во „О2“ арената во Лондон, Германецот, Александер Зверев го совлада Роџер Федерер со 2:0 во сетови и се избори за место во утрешното финале. 
 
Во првиот сет двајцата тенисери го користеа својот сервис се до дванаесеттиот гем, кога Зверев направи брејк и го доби сетот со 7:5 во гемови, за водство од 1-0 во сетови.
 
И вториот сет донесе големи возбудувања, во кој двајцата тенисери направија по еден брејк, па сетот се решаваше во тај-брејкот, кој му припадна на Германецот со 7-5 на поени.
 
Така Федерер ќе мора повторно да почека на својот јубилеен 100 трофеј, а во финалето Зверев ќе игра со победникот од мечот меѓу првиот фаворот Новак Ѓоковиќ и Кенет Андерсон од Јужна Африка, дуел кој ќе започне во терминот од 21 часот.