Тенис
6. August 2018 - 19:05

Зверев по втор пат најдобар во Вашингтон

Заврши тенискиот турнир во Вашингон од серијата 250 и тоа со триумф на бранителот на трофејот , Германецот Александар Зверев кој рутински во два сега во финалето славеше над Алекс Де Минаур од Австралија.

            Оваа пресметка на младите тенисери се очекуваше со внимание бидејќи се работи за талентирани играчи кои треба да бидат замена на досегашните ѕвезди но Де Минаур очигледно заморен од тешка полуфинална пресметка не успеа да освои ниту сет и мечот го заврши со само 6 освоени гема,два во првиот и четири во вториот.

            21-годишниот Зверев со тоа ја одбрани титулата во Вашингон и го подигна дветиот пехар во кариерата со што потврди дека е во одлична форма пред турнирот во Торонто каде ќе ги одмери силите со елитата во светскиот тенис каде во моментот е на 3.место на рејтинг листата.