Македонија
24. May 2019 - 16:26

Зошто во здравството има само в.д директори?

Со здравствените установи во земјата раководат вршители на должноста. Речиси две години сите се в.д. и нивните договори кои согласно законот се на 6 месеци постојано се продолжуваат. Но тоа не е практика само на сегашната политичка гарнитура на власт. И изминатите години здравствениот систем функционираше на истиот начин и имаше директори кои беа в.д. и по 3-4 години. Имало ситуации кога по истекот на договорот вршителот на должноста потпишува плати и договри за набавки незаконски додека добие ново продолжување на мандатот. Иако консултиравме повеќе директори на клиники, никој не сака да зборува пред камера зошто толкав период се со нерешен статус. Професорот по управно право, Борче Давитковски пак вели дека тоа ваквата состојба е спротивна на законот.  

-Најеклатантно изминатите години е во здравството. Секаде в.д. е 6 месеци и потоа на конкурс се избира директор. Не знам на што се должи ова во здравството, дали да се послушници. Но тоа е прво несериозно кон пациентите кои се корисници на услугите а потоа и кон самите раководители е некоректно. Не треба да бидат на парт тиме за 6 месеци, вели Борче Давитковски, професор по управно право.

Според професорот Давитковски во високото образование проблемот бил решен со законот за високо образование кој не дозволува по истекот на 6 месеци в.д деканот да добиер ново времено продолжување на мандатот ниту пак да конкурира за регуларен избор.

-Мора ред да се стави, ние во високото обраозвание решивме, незнам во здравството како, вели Давитковски.

Во меѓувреме, министерството за здравство состојбата ќе ја решава со веќе објавен конкурс за директори, кои мора да полагаат менаџерски испит. Велат дека досега не го објавиле бидејќи ги подготвувале комисиите.