Живот
14. February 2017 - 9:45

Зошто вашиот партнер го изговорил името на поранешниот/та за време на секс? - Психолозите го имаат одговорот

Многу е непријатна целата ситуација кога за време на секс некому ќе „излета“ името на попрашениот партнер.

Сепак психолозите имаат соодветно објаснување за тоа. Џим Фаус, објаснува зошто ова некогаш може да се случи.

– Во состојба на еуфорија, луѓето се сеќаваат на работи кои ги потсетуваат на минатото, нешто што се случило одамна. Во основа, неизбежно е мозокот понекогаш за време на секс да одлута во претходните сексуални односи, вели тој.

Sex

Додава и дека тоа се случува заради близината со поранешниот љубовник, за кој го врзува посебно возбудување и потреба за интимност.

Токму затоа, за време на секс понекогаш го кажувате името на поранешниот партнер, а не на некој пријател или член од семејството.

Фаус вели дека тоа не треба да се зема здраво за готово и не е причина за крај, бидејќи се работи за минато кое сите го имаат.