Здравје
17. December 2015 - 21:38

Зошто треба да јадеме мед и цимет секој ден?

 
Познато е дека медот е лек за многу болести и ја одржаува нашата благосостојба на телото, но во комбинација со цимет, станува смртоносно оружје против вируси и болести, а тоа е нешто што ни треба во овој период.
 
Лекарите потврдуваат дека медот и циметот во комбинација се многу корисни за нашето здравје. Пред се, оваа комбинација штити од вируси, а воедно и со малото ниво на холестерол, ја намалува можноста за срцев напад. 
 
За да си направите витаминска бомба против сезонскиот грип, во чаша вода растворете две големи лажици мед и една лажица цимет. Пијте наутро и навечер. Веднаш ќе почувствувате промени.
 
Ако имате проблеми со холестеролот, помешајте две големи лажици мед и три големи лажици цимет во чаша чај. Нивото на холестерол ќе се смали за десет отсто во рок од два часа.
 
Медот во комбинација со цимет ќе ви ја намали и болката во желедникот.
 
Исто така, со оваа комбинација ќе се осигурате и дека здивот секогаш ви е свеж.