Зошто се вика коњска маст и од што се прави?
Коњската маст или коњски балсам е производ за надворешна употреба со ревитализирачка улога. Може да биде зелена, црвена или црна маст, во зависност од мешавината на лековитите билки кои влегуваат во составот, притоа донекаде се разликува и дејството. Коњската маст може да се набави во аптеките по поволна цена. Постојат повеќе произведувачи, а оригиналниот балсам се прави по стар германски рецепт.
Зошто се нарекува коњска маст?
Се наметнува логично прашање, зошто коњската маст се нарекува токму вака? Секако, постои логично објаснување: името е преземено од англискиот “Horse balsam”. Ова Horse е затоа што дивиот костен, којшто е важна состојка на овој производ, на англиски се вика Horse chestnut”.
Постои камфор маст или црна маст која се користи во ветерината. А камфорот е навистина состојка која влегува во составот на оваа коњска маст за човекова употреба.
Некој можеби ќе си помисли дека затоа се нарекува вака, односно, затоа што се користи во ветерината.
Од што се прави коњскиот балсам?
Оригиналниот коњски балсам се приготвува од алкохол, вода и лековити билки. Се додава уште: рицинисуво масло, камфор, ментол, див костен, арника, ајдучка трева, рузмарин, хмељ, валеријана, имела, миродија, камилица, мента.
Зелениот, црвениот и црниот балсам се разликуваат во зависност од комбинацијата на билките.
Како делува коњската маст?
Коњската маст се користи за реума, болки во коските и зглобовите, проширени вени, спортски повреди, подобрување на циркулацијата, санирање на модринки и спречување на грчеви во мускулите.
Зелената коњска маст има својство да лади.
Црвената коњска маст има улога да загрева и се препорачува за слаба циркулација во рацете и нозете.
И двата вида се употребуваат за масажа на телото.
Се нанесува на телото како крем во тенок слој и се применува само надворешно. Не се става на отворени рани. После употреба задолжително измијте ги рацете и одбегнувајте контакт со очите. Се чува на темно и суво место.
Коњската маст луѓето ја користат за грб, ‘рбет, тетиви, вени, воспалени мускули, изгореници, модринки, отоци и болки.
Се употребува и како козметичко средство. Дамите ја користат против целулит. Според некои искуства, коњската маст е добра за одбегнување на враснати влакна после депилација. Некои дури ја користат за лице, но сепак, треба да бидете многу внимателни.
Црната коњска маст всушност е ихтиол камфор и се користи за лекување на животни, но исто така, ја користат и некои луѓе.
Искуствата тврдат дека е одлична против акни на лице, против враснати влакна, за лекување на воспалени тетиви, лигаменти и сл.
Ново на Сител
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална