Loading Video...
Фудбал
28. јуни 2020 - 15:21

Зошто постои „ВАР“ ако судиите си тераат по свое !?

 
Велат „судиската е последна“. Но. Затоа ФИФА реши да ја воведе ВАР технологијата, како помош на судиите. Но. Тие како повеќе да си веруваат само на себе отколку на технологијата. 
 
Таков беше и случајот и на натпреварот во италијанската Серија А во кој Лацио ја победи Фиорентина со пресврт и конечни 2-1. 
 
По во водството на гостите со голот на Франк Рибери во 25-минута, во вториот дел, односно 67.минута, на сцена стапи судијата Мацолени, кој непостоечкиот контакт врз Каиседо го окарактизира како старт за пенал кој во гол за израмнување го материјализира Имобиле. 
 
Тоа беше и најава за комплетниот пресврт кој се случи во 83.минута кога Шпанецот, Алберто го постигна вториот гол за Лацио.