Зошто Поп Ацев не отпатува на ЕП во Шкотска, АМС побара отчет од ПФМ?! | Сител Телевизија
Loading Video...
Спорт плус
9. August 2018 - 19:05

Зошто Поп Ацев не отпатува на ЕП во Шкотска, АМС побара отчет од ПФМ?!

Нова афера  во македонското пливање откако  нашиот маратонец Евгениј Поп Ацев обвини дека иако макотрпно се подготвувал за учество на ЕП во Глазгов Шкотска сепак нема да настапи поради тоа што ПФМ  не го пријавила. ТОНСКИ

            Поп Ацев  во допис до јавноста информира дека иако ја исполнил нормата за настап на маратоните на 10 и 25 километри  сепак нема да патува за ЕП во  Глазгов што е неверојатно разочарувачки бидејќи сета енергија ја фокусирал   токму на овој настан.

            Поп Ацев кој е светски првак во македонско пливање и првиот Македонец кој победил на Охридскиот пливачки маратон за ова понижување ја обвинува пливачката федерација на Македонија на чело со претседателот Александар Маленко.

            На овој допис до јавноста реагираше и Пливачката федерација на Македонија во чие  соопштение се вели дека пријави за учество на ЕП се редовно испраќани но од страна на европската федерација  пријавата на Поп Ацев е одбиена.  Федерацијата објаснува декаПФМ не е желботека или евтина туристичка агенција, туку сериозна организација која има поставено критериуми за континуирани спортски резултати.

            Случајот внимателно го следи и агенцијата за млади и спорт која застана зад Поп Ацев и побара отчет од Пливачката федерација на Македонија.