Живот
10. July 2015 - 18:51

Зошто почнав да силувам жени - Исповед на еден предатор!

Кога ќе се случи некое силување, во центарот на вниманието е однесувањето на жртвата. Сепак треба да запомниме зошто сексуалните претсапници тоа го прават, се со цел истите да се спречат. Во продолжение ви ја пренесуваме исповедта на еден од нив, објавена во онлајн изданието на британскиот "Телеграф".

Осуден сум поради силување и егзибиционизам за два случаи. Најпрвин се случи силувањето во 2001 година, но искрен да бидам, мислам дека уште од 15 години правев сексуални престапи. Денес имам 46 години. 

Кога бев млад, воопшто немав совест. Единствено што ми беше важно е да го добијам тоа што го сакам. За другите не ми беше гајле. Си гледав само за себе. Денес, очигледно повеќе не се чувствувам така, но ми требаше многу време за да прекинам да размислувам на тој начин. Морав да одам во затвор и да се согласам на шестгодишната програма за лекување и советување за да почуствувам промена. Дури по завршувањето на истата почнав да се чувствувам поинаку. 

Осуден бев на три години затвор поради силување. Одлежав 18 месеци, по што ме пуштија дома на две недели, за да потоа ме затворат поради егзибиционизам. Поминав уште една година во затвор и повторно направив престап - егзибиционизам, по што повторно ме уапсија. Се на се поминав три години во затвор. Сега сум веќе шест месеци на слобода.

Бев многу пијан. Ја турнав во спалната соба. Не планирав дека тоа ќе се случи!

Растев во мало место и бев дел од групата бунтовници. Тргувавме со дрога, а училиштето не го сфаќавме сериозно. Имав многу девојки, но ниту една врска не беше романтична. Барав само едно: секс. На таа возраст, единствено што ми беше важно во животот е да се забавувам со девојки. 

Уште тогаш станав сексуален престапник. Го правев тоа што ме возбудуваше. Ми даваше чувство на моќ. Тогаш немаше да ви признаам, но денес, години подоцна можам да кажам дека бев изгубен и непресметлив.

Како дете имав многу лоши искуства и барав начин повторно да се чувствувам добро. Сакав да знам дека имам контрола над ситуацијата. Но, ништо не функционираше. Не се чувствував подобро.

Во 2001 година силував една девојка. Имавме кавга и таа ја напушти куќата. Се врати по 10 минути а тогаш...Бев многу пијан. Ја турнав во спалната соба. Не планирав тоа да се случи. Ниту денес не можам да сфатам зошто тоа го направив, ниту пак знам што предизвикува таков бес кај мене. Бев под голем финансиски притисок во тоа време и не се чувствував добро во сопствената кожа. Многу пиев. Денес се трудам да не вкусам алкохол.

Кога се разбудив следното утро, мојата девојка не беше до мене, а недела дена подоцна ме уапсија. 

Одлучив да ја признам вината. Затоа што нејзините зборови беа вистина, но и покрај сите мои недостатоци, јас никогаш не лажев.

Пријатели на моето семејство ме злоставуваа, а татко ми и мајка ми знаеја!

Додека бев на терапија во затворот, за прв пат ја отворил душата и открив што му се случуваше додека бев дете. Бев жртва на сексуално злоставување околу две години. Тогаш имав само 7 години. Ме злоставуваа пријатели на моите, маж и жена, а претпоставувам дека за истото знаеја и моите родители. 

Верувам дека хоророт кој го преживеав додека бев дете влијаеше да пораснам во сексуален престапник. Долго време потоа се чувствував беспомошно, а моите постапки секогаш биле прашање на контрола. 

Колку повеќе време поминував во затвор, толку повеќе знаев дека сакам да сум слободен човек. Единственото нешто што ме плашеше е помислата да се вратам меѓу пријателите, т.е да функционирам во општеството. Се плашев дека нема да можам да го контролирам своето однесување. А знаев дека мора да ги кажам своите гревови доколку сакам некој да ме вработи. Затоа не ни барам работа. Знам дека тоа не е оправдување, а работа морам да најдам. Моментално сум невработен и живеам во хостел за бездомници. 

Кога излегов од затвор, решив дека треба да бидам дел од програмата за сексуални престапници "Circles" чија цел е да им помогне на овие луѓе во општеството. 

-Доколку имаш било какви проблеми или пак доколку размислуваш повторно да направиш престап јави им се на овие луѓе и разговарај со нив. Тие ќе ти помогнат, ми кажаа.

И така направив. Првите неколку месеци одев на нивните средби. Секој пат излегував од таму со олеснување.

На телевизија гледам само документарни емисии и вести. На другите програми има премногу секс!

Постојано морам да работам на тоа да ги пренасочувам мислите на други работи. Тоа не е здраво, но мислам дека конечно чекорам во вистинскиот пат.

Освен оваа "игра на умот", се обидувам да одбегнам одредени работи. На телевизија гледам само вести и документарни емисии, бидејќи на другите програми има премногу секс. Избегнувам порнографија. Како дете бев премногу изложен на секс.

Многу важно е и да избегнувам стрес. Кога сум под стрес вложувам голем напор да мислам на нешто друго, а не на секс или пристап. Не сакам да размислувам на тоа. Многу време и енергија вложив за да го напуштам тој модел на однесување.

Луѓето од "Circles" многу ми помогнаа. Да не беа тие, веројатно повторно ќе силував или пак ќе бев во затвор. Фактот дека имаш со кого да зборуваш кога ти е најтешко значи многу. Доколку седев дома, без никој на кого можам да се потпрам е полудев. Важно ми е дека имам со кого да зборувам.