Свет
19. March 2016 - 13:28

Зошто платите не растат?

 

Во моментов ова е еден од најголемите економски предизвици: сега кога рецесијата е зад нас, вработеноста се подобрува, но платите тврдоглаво остануваат ниски.

Во Америка, просечните плати стагнираат повеќе од 40 години. Во Јапонија и Германија веќе 20 години нема покачувања на платите.

А ова е глобален проблем - растот на платите во светот е слаб речиси цела деценија. Четворица експерти зборуваа за програмата Инкваери за Светскиот сервис на Би-Би-Си за тоа зошто платите се толку ниски.

Џон Ван Ринен: Глобалната слика

Џон Ван Ринен е директор на Центарот за економски перформанси на Лондонската школа за економија.

-Во изминатите седум или осум години растот на платите е многу разочарувачки низ целиот свет. По Втората светска војна времињата беа навистина добри. Уште од глобалната финансиска криза разтот на платите, кој одеше прилично добро во изминатите 50-60 години - отприлика по 2 проценти годишно - падна доста во побогатите земји и исто така падна или стагнира во посиромашните земји.

Во Британија посебно, платите драматично паднаа - има повеќе од 10 проценти пад на реалните плати во шесте години по 2008. Тој пад е навистина неочекуван. Треба да се вратиме до 20-ите години од минатиот век пред да забележиме пад на реалните плати на нешто слично од таква магнитуда. Земјите на кои им одеше добро - и пред кризата и по неа - се економиите во подем. Посебно Кина, на која и одеше прилично добро. Растот во Кина од 80-ите наваму доведе до огромен пораст на реалните плати за луѓето, па дури и по кризата, тоа продолжи и покрај многу послабиот ритам отколку претходно. Другите на земји, меѓу кои и на Индија, на пример, им оди исто така релативно добро.

Кристијан Дастман: Скапото наследство на реунификацијата

Кристијан Дастман е професор по економија на Универзитетскиот колеџ Лондон.

- Се сеќавам кога падна Берлинскот ѕид. Иако постоеше чувството на голема радост во тоа време, мислам дека економските последици за сите Германци беа прилично потценети. Германија по 1989 година беше во многу тешка ситуација. Требаше економски да се интегрира Источна Германија која беше сокриена зад Железната завеса повеќе од четири децении и која, во смисол на продуктивноста, беше на ниво од 60 проценти од Западна Германија. Истовремено, можноста за луѓето од Источна Германија слободно да се движат но новата обединета Германија значеше дека платите треба да се прилагодат. И така јазот промеѓу продуктивноста и платите требаше горе-долу да бидат субвенционирани од оние кои ги плаќаа даноците. Така економското бреме ја успори Германија барем за една деценија.

- На почетокот од 90-ите, кога поголемиот дел од источноевропските земји се отворија и станаа пазарни економии, германската индустрија ја имаше можноста да го дислоцира производството во овие земји каде платите беа многу пониски. Весниците на почетокот на векот беа полни со текстови дека уште по некоја компанија се заканува дека ќе го премести своето производство во Источна Европа, освен ако претставници на работниците би прифатиле замрзнување на платите и пофлексибилни решенија во однос на работната сила. И така платите, посебно најниските, почнаа да опаѓаат. Просечно растот на платите беше прилично стагнирачки. Преговорите за платите беа децентрализирани од ниво на индустрии и региони на ниво на фирми. Токму тоа е делумно причината за можноста германската индустрија да стане поконкурентна. Мислам дека флексибилниот одговор на работодавачите и синдикатите одиграа важна улога да се задржи производството во многу клучни продуктивни сектори во земјата, што и овозможи на Германија во тој момент да биде повеќе или помалку со скоро целосна вработеност, во споредба со многу од нејзините европскии конкуренти, каде голем дел од производството всушност се селеше. Затоа платите можеби и настрадаа, но работните места сеуште постојат во земјата и сметам дека е токму тоа она навјажното.

Мачико Осава: Крајот на доживотното вработување

Мачико Осава е професор по економија и директор на Истражувачкиот институт за жени и кариери на Јапонскиот женски универзитет.

- Трите столба на јапонското вработување се доживотното вработување, плата на основа на возраста и синдикатите во компаниите. Овие столбови се многу важни. Овој систем почна да се менува во 90-ите години. Глобализацијата беше во прогрес и јапонските компании почнаа да трагаат по краткорочни профити. Со цел да ги зголемите профитите, требаше да ги намалите трошоците за трудот: замена на вранотените на неопределено со работници на определено време. Па така компанијата ангажира работници преку агенција на привремено, но тој или таа не работи за оваа компанија па така нивното вработување е релативно несигурно. Растот на платата е многу низок, иако работите долги години. Ова е контроверзна тема. Но затоа што е многу тешко за јапонскиот работник да премине во друга компанија, тие прифаќаат се што ќе им биде понудено од компанијата каде што работат. Како резултат на тоа, јапонските работници немаат силна позиција за преговарање. Сигурноста на работното место за работниците на неопеделено малку опадна, а растот на платите на овие работници исто настрада. Ова е меѓународен феномен, заради глобализацијата и зголемената конкуренција. Смета дека тоа го намалува вработувањето на неопределено и го зголемува бројот на работниците на определено насекаде низ светот.

Џејсон Фурман: Притисната средина

Џејсон Фурман е претседавач со Советот на економски советници на претседателот Обама.

- Кога влегувам во Овалната канцеларија да му ги соопштам последните податоци на претседателот за вработеноста во земјата, прашањето кое го добивам од него најчесто е: „Што се случува со растот на платите?“ Тоа е проблем со кој тој се бори, со кој излегува во своите јавни политики, но навистина на лично ниво. Влезете денес во некоја фабрика и нема да видите многу луѓе. Гледате машини. Бројот на роботи од година во година драстично се зголемува. Тие се воглавно концентрирани во сектори како автомобилската индустрија, но се шират и во економијата. Ако се фокусирате на последниве 25 години на САД и во индустријализираните земји, ќе го видите тоа. Иновациите се ускладија и ги унапредија вештините на вештите професионалци, ги заменија работните места од луѓето од средината, но не ги заменија лицата кои рабоата во болниците кои се грижат за пациентите. И така гледате работни места на двата краја од дистрибуцијата на вештините како растат, но оние во средината опаѓаат. И тоа се случува во текот на овој четврт век. Во САД, произведуваме околу 16 трилиони долари годишно. Користа од тоа е поделена. Значаен дел од тоа, или околу 10 трилиони долари, е за исплата на плати за работнците и бенефити, но нивните компании го добиваат профитите. Она што го гледаме е дека тој дел од тоа колку произведуваме секоја година оди за работниците во форма на плати, и тоа опаѓа. Пропорцијата која оди за бизнисите во форма на профити скокна - а тоа е уште еден начин кога не добивате покачување на платата во сооднос со видот на економскиот раст.

Ги истраживме податоците за САД за последниве 100 години и откривме дека кога уделот на работниците во синдикатите опаѓа, уделот во приходите наменет за 90 проценти од Американците исто опаѓа и со членството во синдикатите кое во моментов е под 10 проценти, не реба да изненадува што уделот во приходите оди за 90 проценти од домаќинствата, што е на најниско ниво во последниов еден век. Исто така постои вистинска промена во институционалната динамика која помага да се обликува дистрибуцијата на приходите; падот на синдикатите на трудот, падот на минималната плата прилагодена на инфлацијата, порастот на концентрацијата кај многу индустрии, се поголемиот број супер успешни компании.

Сето ова придонесува за застранување на приходите од трудот кон капиталот и кон менаџерите и луѓето кои работат за успешни компании. И справувањето со сето тоа е исто важен дел од справувањето со нееднаквоста во растот на платите.