Свет
20. April 2016 - 11:55

Зошто Панама не е меѓу 10-те најголеми даночни оази во светот?

Огромното истекување на документи од панамската адвокатска фирма „Мосак Фонсека“ откри како даночните оази вообичаено кријат богатство и го сврте светското внимание кон оваа централноамериканска држава.

Откривањето на т.н. „Панамски документи“ ја натераа земјата да оформи меѓународна група која ќе помогне за зголемување на транспарентноста на нејзиниот офшро финансиски сектор.

Меѓународните организации кои ги истражуват финансиските тајни, сепак предупредуваат дека Панама не е дури ниту меѓу топ 10-те држави со најниска финансиска транспарентност.

Тие велат дека богатите Европејци и Северноамериканци можат многу полесно да си ги скријат парите многу поблиску до дома. И тоа може да објасни затоа што толку малку луѓе кои живеат во САД досега се вмешани во панамскиот скандал.

„Валкани пари“

Коосновачот на „Мосак Фонсека“, Рамон Фонсека, ги обвини побогатите држави за лицемерство.

- Ве уверувам дека има повеќе валкани пари во Њујорк, Мајами и Лондон, отколку тука во Панама, рече тој за американскиот весник „Њујорк тајмс“.

Но, во право ли е Фонсека?

Мрежата за даночна праведност, независна организација која ги анализира меѓународните даночни и финансиски правила, подтотви индекс на земјите според силата на нивната финансиска регулатива и обемот на нивните трансакции.

Топ десет според финансиската тајност

Челната десетка ги вклучува Швајцарија (на прво место), Хонг Конг, САД, Сингапур, Кајманските Острови, Луксембург, Либан, Германија, Бахраин и Обединетите Арапски Емирати.

Се создава впечаток дека Панама дури и не е дел од топ десет според финансиската „дискреција“.

- Постојат двојни стандарди: многу развиени земји имаат или поддржуваат јурисдикции каде е очигледен недостигот од финаисиска транспарентност, вели Алекс Кобам од Мрежата за даночна праведност.

Швајцарија ја предводи листата со својата прочуена тајност во банкарството, иако под силен меѓународен притисок во последно време направи некои отстапки со цел состојбата со сметките на сопственици во врска со иследувања во странство за прикривање даноци.

Хонг Конг - најоптоварената канцеларија на „Мосак Фонсека“

Хонг Конг во стапки ја следи Швајцарија на листата. Поранешната британска колонија, а сега специјален административен реон на Кина, е од „големо значење“ според Мрежата за даночна праведност.

„Панамските документи“ откриваат дека речиси една третина од бизнисот на „Мосак Фонсека“ доаѓа од нејзините канцеларии во Хонг Конг и Кина - нешто што ја претвора Кина во најголем пазар на фирмата, а Хонг Конг - во нејзина најоптоварена канцеларија.

САД: Чување на американските пари дома

На територијата на САД и само на еден чекор од Белата куќа, источната крајбрежна држава Делавер, е дом на околу 945.000 фирми или речиси по една по глава на жител.

Делавер е една од четирите американски држави - другите се Невада, Аризона и Вајоминг, кои се критикувани заради своите финансиски регулативи. Многу од фирмите се сметаат дека се фантомски компании.

Меѓународната невладина организација за борба со корупцијата Транспаренси интернешснл ја дефинира Делавер како „оаза на транснационалниот криминал“.

Британските прекуморски територии - сончеви места за луѓе во сенка?

Претседателот Барак Обама објави на разговори во Њу Хемшаер во 2008 за случајот „Агленд хаус“, зграда на Кајманските Острови каде, според него, се сместени 12,000 компании.

- Тоа е или најголемата зграда на светот или е најголемата даночна измама во историјата, рече Обама.

Според веб страната на зградата, таа е седиште и адреса за регистрација на 18.000 компании.

Иако Кајманските Острови имаат самоуправав, тие се британска прекуморска територија.

Алекс Кобам од Мрежата за даночна праведност додава дека ако таквите територии бидат земени предвид при определувањето на позицијата на Велика Британија на индексот, тогаш земјата дефинитивно ќе избие на првото место.

Друга британска прекуморска територија, Девствените Острови, се во голема мерка присутни во „Панамските документи“. Најмногу компании кои се спомнати во истечените информации се имено регистрирани на Британските Девствени Острови. По нив следуваат Панама, Бахамските Острови, Сејшелските Острови, Ниуе, Западна Самоа, британска Антигуа, американската држава Невада, Хонг Конг, и Велика Британија.

Затворање на вратичките

Панама не е единствената земја која вети дека ќе преземе мерки за зголемување на финансиската транспарентност.

Лидерите на Г-8 договорија на средбата во 2013 година нови мерки за енергична борба против перењето пари, прикривањето на даноци и неплаќањето на корпоративни даноци.

Завршната декларација на форумот ги повика државите „да се борат со злото неплаќање даноци“.

Но, можно е развиените земји да го завршиле својот дел од работата.

Џенсон Хикл од Лондонската школа за економија смета дека даночните оази, сите заедно, кријат вкупно една шестина од богатството во светот, која е во приватни раце.