Бизнис
10. March 2021 - 21:15

Зошто Општина Арачиново не издава решенија за данок на имот - Дали и кога ќе почне?

Казни и награди за градоначалниците во зависност од тоа дали си ја работат работата или не. Министерот за локална самоуправата Горан Милевски за Сител вели дека централната власт знаела и претходно дека во Арачиново или не се плаќа или се плаќа данок на имот од некои 1000 денари годишно. Затоа се бара начин заедно со Министерствто за финансии да се натераат градоначалниците да си ги соберат парите. Идејата е добрите градоначалници да добиваат повеќе пари за инфраструктура, лошите да бидат казнети на тој начин што граѓаните нема да бидат оштетени.

Според анализата на центарот за граѓански комуникации, општина Арачиново не остварува приход од данок на имот. Во општината воопшто не се издаваат ни решенија затоа што таму немало даночно одделение.

И премиерот Заев во синоќешното интервју за Сител рече дека општината мора да си ги собере парите по основ на данок на имот.

Според закон, МФ има надлежност да ја контролира наплатата на даноците во општините, но кога забележаува неправилности може само да опоменува, нема надлежност да наложи постапување или да казнува.