Македонија
22. July 2015 - 17:07

Зошто никој не и верува на Дуња Мијатовиќ и ОБСЕ

Претставничката на ОБСЕ за медиуми, Дуња Мијатовиќ освен за Балканот, за останатиот дел од Европа е непозната во медиумскиот свет. Нејзините критики и ставови ги вреднуваат само медиумите блиски до СОРОС на овдешните простори, додека пак во Европа и во светот никој воопшто и не знае за нејзе, од дена страна, а од друга таа и воопшто не е загрижена за состојбата со медимите во западно европските држави иако и таму честопати новинарите и медиумите се предмет на притисок.

Неколкуте случаи како оние во кои откази добиеј главните уредници на Њујорк тајмс и Ле Монд, покажаа дека влијанието на Мијатовиќ е минорно за вакви крупни ситуации. Дневниот весник дневик во 2013, анализрајќи ја улогата на Мијатовиќ, пренесе изјави на британската медиумска групација дека воопшто не знаат која е Мијатовиќ.

- Прв пат слушаме за таква личност - изјави портпаролот на британската медиумска групација во чија сопственост се весниците САН и Тајмс.

Како и во Велика Британија, така и во Русија- не знаат која е Дуња Мијатовиќ. Во изјава за Медиа Груп Македонија, новинарот на Русија 1, Алексеј Лушганов праша:

- Како рековте дека и е името? И со што се занимава? Може ли да ми повторите уште еднаш, никогаш во животот не сме слушнале за неа. Која и да е, ако работи за ОБСЕ исто како да работи за Сорос, тие се платени да работат контра било која влада во светот, не се платени да ги заштитат новинарите, Изјавил за Медиа мк новинарот и портпарол на РТ.

За разлика од останатиот дел од Европа, Мијатовиќ константно селективно ги критикува медиумите во Македонија. Никогаш не регаираше за нападите врз новинарите кои не се дел од ланецот на СОРОС, но затао редовно застануваше во одбрана на опозициските медиуми.