Живот
26. October 2017 - 21:39

Зошто никогаш не се оди на гости со празни раце

Една од корисните работи кои не научиле од малечки нашите мајки и баби се дека на гости не се оди со празни раце.

Одлучете се да давате, каде и да одите и кого и да сретнете.

Ако почесто давате на другите, почесто и ќе добивате добрина за возврат, благодарејќи на чудесното делување на законот за привлекување.

Затоа кога одите на гости однесете нешто, со тоа ќе привлечете повеќе среќа и убави работи да ви се случуваат во животот.

Кога вие добивате подарок, вашата способност за давање се зголемува.

Никогаш ништо не губиме зошто нашата суштина е - чист потенцијал и безгранични можности.

Затоа давајте за да ви се врати добрина.