Македонија
4. December 2015 - 19:13

Зошто ни се наметнуваат анти европски закон за медуими - Еве какви закони имаат другите во ЕУ

Ниту еден европски закон за медиуми не е сличен на оној кој во Македонија го предложува СДСМ со поддршка на посредникот Питер Ванхауте. Со преглед на околу 30-тина закони на европските држави, може да се заклучи дека никаде не е предвидено регулаторното тело за медиуми да го води некој по предлог на политичка партија, ниту пак партија да предлага членови.

Сосема напротив, законот на Обединетото кралство на пример предвидува дека регулаторното тело е составено од 9 члена од кои 6 се назначени од државните секретаријати за трговија, индустрија и за култура, медиуми, спорт. Овие 6 члена подоцна ги избираат останатите 3-ца од редот на вработените во агенцијата.  

Француското регулаторно тело за медиуми исто така е составено од 9 члена кои се назначуваат со Декрет на Претседателот на републиката. Три члена бира претседателот, три спикерот на сенатот,а преостанатите тројца спикерот на Националното собрание.

Во Швајцарија пак, регулаторното тело за медиуми е 9-то члено тело во кое членовите се предлагаат од Федералните оддели за животна средина, за транспорт, енергија и комуникации. Членовите и претседателот ги именува Федералниот совет.

Законот во Шпанија предвидува дека 9 од 10-те члена на регулаторното тело за медиуми ги избира парламентот на предлог на најмалку 3 парламентарни групи. Десеттиот член е претседателот на Советот, кој е предложен и назначен од Владата, но по мнозинското мислење на 9-те члена.

Советот во Шведска пак е единаесетчлено тело во кое членовите се предлагаат во неформална постапка  од страна на Владата, која исто така и ги именува.

Од 10 членови во регулаторното тело за медиуми во Белгија, 7 се на предлог на Парламентот, а 3 на Владата.

Советот за електронски медиуми во Бугарија е составен од 5 члена, тројца на избор на Парламентот, а двајца се назначуваат од страна на Претседателот на републиката.

Грчкиот национален совет за радио и телевизија е седумчлено тело, членовите се на предлог на Претседателот на државата, а се именуваат од страна Конференцијата на претседатели на Грчкиот парламент.

Советот за радио и телевизија во Данска е составен од 8 члена, од кои 7 се на предлог на Министерот за култура, а еден е предложен од страна на Кооперативниот форум на здруженија на данските гледачи и слушатели.

Претседателот и членовите на агенцијата за електронски медиуми во Хрватска пак, ги именува и разрешува хрватскиот Парламент по предлог на Владата.

Во Литванија регулаторното тело е составено од 11 члена кои ги назначуваат Претседателот, Парламентот, Конференцијата на литвански бискупи, Здруженијата на новинари и уметници.

Советот за медиуми во Малта е петчлено тело во кое членовите се назначени од страна на Претседателот.

Регулаторното тело во Естонија е составено од 8 члена, 4-ца на предлог на Парламентарната комисија за култура, а Парламентот назначува по еден член од секоја парламентарна фракција. 

Од 11 членови во романскиот национален совет за аудиовизуелни медиуми , 3-ца предложува Сенатот, 3-ца долниот дом на парламентот, 2-ца претседателот и останатите 3–ца Владата.

9-те члена во српската републичка радиодифузна агенција ги избира Народното Собрание по предлог на истакнати професионалци во областа.

Во Чешка пак, 13-те члена во регулаторното тело за медиуми ги предлага Долниот дом на Парламентот на предлог на политичките групи кои го сочинуваат.

Агенцијата за електронски медиуми во Црна Гора е составена од 5 члена плус Директор, со што по еден член предложуваат Универзитетите, невладините организации од областа на медиумите и кои се занимаваат со заштита на човековите права и задруженијата на комерцијалните радиодифузери.

Слични одредби се предвидени и во законот за медиуми на Австрија, Ирска, Кипар, Латвија, Луксенбург, Полска, Португалија, Словенија, Унгарија и Финска.

Доказ дека постоечкиот закон е во согласност со европските регулативи е и фактот што неговото изгласување беше финансирано од ИПА фондовите со 900.000 евра, а годинава се одобрени и дополнителни 400.000 евра за техничко унапредување на Агенцијата за медиуми. Прописите на Европската унија во овој контекст се прилични јасни: фондовите за поддршка се одобруваат единствено ако законодавството е усолгасено со европските регулативи. Дополнително ниту во извештајот на Европската комисија од ноември годинава, ниту пак во оној на Прибе не е побарано носење на нов закон со кој ќе се регулира работата на медиумите, туку напротив се потенцира потребата за унапредување на слободата на медиумите.

Сите релевантни медиуми во земјава, новинарските здруженија, Асоцијацијата на Национални телевизии и експертската јавност досега се согласни дека носењето на нов диктаторски закон според желбите на СДСМ и Заев ќе придеонесе за целосна партизација на Агенцијата  и ќе воведе цензура во медиумите. А наместо поголема слобода во овој сектор, ќе наметне целосен медиумски мрак во Македонија.