Живот
28. August 2017 - 20:14

Зошто не треба да пиете кафе веднаш по будењето

Многумина не можат да го замислат своето утро без кафе, но експертите советуваат дека иако не мора да се откажете од ваквата навика и идеја, сепак треба временски да го прилагодите моментот на пиење утринско кафе. Поконкретно, се препорачува задолжителен појадок пред пиење утринско кафе, односно препораките се дека никако не треба да се пие кафе „на гладно“.

Една шоља утринско кафе пред да внесе нешто друго, му прави вистински шок на организмот и телото, но не во позитивна смисла. Чистото, црно кафе на празен желудник стимулира излачување на хлороводородна киселина во дигестивниот систем, а ова многу брзо ќе го почувствуваат оние кои се склони кон гастритис. Доколку мислите дека сте безбедни бидејќи немате проблем со органите за варење, веројатно не сте во право, бидејќи ситуцијата со споменатата киселина ќе ви направи проблем во варењето на останатите оброци ако не појадувате пред да пиете кафе.

Посебно тешко ќе се разградуваат протеините, а ова предизвикува нови проблеми, бидејќи неразградените протеини ќе предизвикаат надуеност, иритација, па дури и можно воспаление на цревата.

Кафето само по себе влијае на зголемено лачење на кортизол, хормонот на стрес, а ова уште повеќе се потенцира ако пиете кафе на празен желудник. Забрзаното чукање на срцето, кратките и плитки вдишувања, стресот во телото, но и анксиозноста се чести „придружници“ на утринското кафе кое се пие пред појадокот.

Освен тоа, кафето го намалува количеството на серотонин, хормонот на среќата, а недостатокот на овој хормон е главна причина за појавување на депресија. Можеби кога ќе испиете шолја кафе на гладно, расположението за кусо време ќе се подигне, но веднаш потоа личноста може да стане нервозна и нерасположена.

Ако внесете премногу голема количина на кафе во текот на денот, лачењето на сератонинот, пак, станува условено од надворешни фактори, а не се случува како резултат на работата на телото, како што природно и инаку би требало да биде.

Најдобро би било првото утринско кафе да го испиете најрано еден час по будењето, но секогаш откако веќе сте јаделе нешто, макар тоа било и само парче леб.