Живот
26. January 2017 - 16:15

Зошто луѓето сакаат секс во тројка

Иако сексот во тројка не е за секого, има и такви кои го сакаат и практикуваат, а позади љубовта кон него се крие и научна причина, а таа е поврзана со тоа што го гледаме на телевизија и на интернет.

Истражувањето кое го заклучило ова ги поврзува содржините кои ги гледаме на телевизија и интернет со нашето сексуално однесување, односно перцепцијата на тоа што го гледаме.

Половина од испитаниците биле во соба во која на телевизија се прикажувале секси музички спотови, додека другата половина решавала тестови во соба без телевизор. Испитаниците решавале три тестови - за навиките за гледање телевизија, сексуалното однесување и реагирањето на сексуални сценарија.

Резултатите го покажале следното: тоа што го гледаме на ТВ може битно да влијае на нашето однесување, како и на нашата перцепција за „егзотични” сексуални активности.

Иако за одлуката во сексот во тројка е потребно многу повеќе од гледање телевизија, овие резултати и тоа како имаат смисла.