Живот
18. October 2017 - 19:40

Зошто крвта секогаш се вади од четвртиот прст?

Дали некогаш сте се запрашале зошто секогаш кога докторите вадат крв од четвртиот прст?
 
Кога ни вадат крв од прст поради некои анализи, скоро секогаш ни го боцкаат четвртиот прст.
 
Палецот и малиот прст се многу подобро поврзани со зглобот на раката отколку останатите прсти. Тоа значи дека теоретски инфекција од палецот или малиот прст многу побрзо би се проширила и би ја зафатила раката.
 
Поради тоа крвта генерално се вади од кој било прст освен палецот и малиот прст.
 
Но, во четвртиот прст воглавно има нешто помалку рецептор за болка, па боцкањето е помалку непријатно. Освен тоа, овој прст го користиме поретко од другите, па и кожата е потенка.
 
А поради тоа и раните на овој прст зараснуваат побрзо отколку на останатите прсти.