Живот
8. September 2015 - 10:35

Зошто Кинезите кои со автомобил удираат пешаци, се враќаат да ги дотепаат

 Во април оваа година, една жена со својот автомобил удрила две годишно девојче и со колата поминала преку нејзината глава.
 
Додека нејзината баба викала да го запре возилото, жената тргнала во рикверц и повторно го удрила девојчето, а потоа тргнала напред и го докрајчила по трет пат. Тогаш излегла од возилото и понудила да не кажат дека таа го возела автомобилот, туку нејзиниот маж и дека ќе им даде многу пари за отштета. Иако звучи како урбана легенда, жената која го возела возилото рекла дека сето тоа било голема несреќа, судијата тоа го уважила и добила само две до четири години затвор.
 
Сепак, во Кина станува се почест случајот, возачите кога ќе удрат пешак намерно се враќаат со автомобилот да ги усмртат. Во урбаниот кинески јазик постои и поговорката: - Подобро удри за да убиеш, отколку за да повредиш.
 
Имено, возачите обично тврдат дека се работи за несреќен случај, а не намерно убиство, а за тоа добиваат до три години затвор.
 
Она што се крие зад овој феномен е фактот дека според законот, ако некој повреди друго лице, мора цел живот да плаќа издржување. А, ако го убие, тогаш се плаќа еднаш и потоа сте завршиле со таа приказна. Во Кина за убиство на лице во сообраќај се плаќа од 30.000 до 50.000 долари казна, додека доживотно издржување може да чини милиони.
 
Еден инвалид добил 400.000 долари за период од 23 години, колку што поминало од сообраќајната несреќа. Исто така, ни сведоците ни безбедносните камери не мора да бидат гаранција дека убиецот ќе го стигне казна. Еден маж кој пет пати прегазил баба на улица, добил казна од 70.000 долари, иако се било видливо на снимката на безбедносната камера.
 
Иако може да се снима со телефони, многу луѓе се подготвени да платат висока сума пари на сведоците да молчат и да не ги покажуваат своите снимки. Сепак, можеби најстрашен е фактот што многумина се враќаат да го прегазат удреното лице, иако тоа при ударот воопшто не било сериозно повредно.
 
Секако, не успеваат сите да избегнат казна. Маж, под името Јао Џин, удрил жена на велосипед во 2010 година, а потоа излегол од возилото и со нож ја удрил да биде сигурен дека е мртва. Сепак, тој за ова дело добил смртна казна. Исто така, еден маж во 2014 година добил 15 години затвор затоа што удрил постар човек повеќе пати со својот камионет.
 
Кинеското судство истакна дека ваквите случаи за враќање на автомобил жртвата да се докрајчи, мора да се третираат како убиства. Сепак, често тешко може да се докаже дека убиството било намерно.