Македонија
22. March 2016 - 14:57

Зошто Катица Јанева го штити Фиат Цановски?

-Притоа можам да констатирам дека предложеното укнижување на тие два делови од објектот ќе биде одбиено, бидејќи истото не ги задоволува условите за упис, поточно она што е на лице место не е прикажано во самиот геодетски елаборат, вели Трпески.
 
Фиат Цановски со невистинит елаборат сакал да ги впишува во Катастар дел од просториите на ФОН, кои што ги промовираше, покажуваат документите. Наместо точно, прецизно да ја утврди фактичката состојба, онаква каква што е да ја прикаже и понатаму да го сочини геодетскиот елаборат, геодетската фирма направила лажен геодетски елаборат, препишувајќи го проектот онаков каков што е во таа изведена состојба, вели првиот човек на Агенцијата за Катастар Славчо Трпески, пишува порталот Денешен
 
 
Во текот на вчерашниот ден извршена е инспекција во геодетската фирма која што го изготвила елаборатот. Утврдено е дека напишаното во него не соодвествува со состојбата на терен. Имено, со извршеното споредување Агенцијата за Катастар на недвижности констатитра дека делови од објектот се погрешно прикажани, бидејќи фактичката состојба е сосема поинаква и има отстапувања, односно она е на лице место не е прикажано во самиот геодетски леаборат.
 
 
Заради отстапувањата што се констатирани согласно закон запретена е глоба во износ од 1.400 евра во денарска противвредност за трговското друштво, 875 евра во денарска противвредност за одговорното лице и 575 евра во денарска противвредност за овластениот геодет.
 
 
Првиот човек на Агенцијата за Катастар на недвижности Славчо Трпески, вели дека состојба што се наоѓа во имотните листови и она што се промовираше сосема се разликува. Трпески апелира дека инвеститорот е должен во најкраток можен рок до Катастарот да достави геодетски елаборат со онаа состојба која што е на лице место.
 
-Во Катастарот на недвижности тој објект е сочинат од три дела. Првиот дел е запишан уште одамна и истиот има имотни листови. Од она што го чувме во целата оваа препирка што се јави меѓу општината и инвеститорот, констатиравме дека во Катастарот таа зграда има имотни листови, но онаа состојба што е во тие имотни листови и она што се промовираше сосема се разликува. Затоа, како Катастар можеме да апелираме дека инвеститорот е должен во најкраток можен рок до Катастарот да достави геодетски елаборат со онаа состојба која што е на лице место, да достави проект за адаптација или евентуално легализација, зошто општината напомена дека истиот објект бил во дел на легализација, вели Трпески.
 
Тој нагласува дека она што во Катастарот стигнало е барање за упис на преостанатите два дела од самиот објект, но она што било запишано во геодетскито елаборат не содвејствувало со фактичката состојба на терен. Додава дека геодетската фирма не постапила согласно правилата на струката, односно направиле лажен геодетски елаборат.
 
-При контролата која ја направила внатрешната контрола на Катастарот за недвижности, констатира дека она што беше доставено до Катастарот, а тоа е проектот, одбрението за градба, одбението за употреба и геодетскиот елаборат не соодвејствуваат на фактичката состојба на терен. Поточно, проектот, геодетскиот елаборат кој што го изработила геодетската компанија покажуваат дека на лице место имаме отворени големи површини, она што надзорот го направил, внатрешната контрола заедно со самата геодетска фирма, се констатира дека геодетската фирма не постапила согласно правилата на струката. Наместо точно, прецизно да ја утврди фактичката состојба, онаква каква што е да ја прикаже и понатаму да го сочини геодетскиот елаборат, тие едноставно направиле лажен геодетски елаборат, препишувајќи го проектот онаков каков што е во таа изведена состојба, вели Трпески.
 
 
Во ваков случај, потенцира Трпески, Агенцијата за Катастар на недвижности изготвила записник, изрекла казна за геодетската фирма, исто казна и за овластениот геодет, како и казна за самиот  управител на друштвото.
 
-Притоа можам да констатирам дека предложеното укнижување на тие два делови од објектот ќе биде одбиено, бидејќи истото не ги задоволува условите за упис, поточно она што е на лице место не е прикажано во самиот геодетски елаборат, вели Трпески.
 
Цановски во петокот го промовираше студентскиот дом во рамки на Универзитетот Фон. Според признанието на самиот  Цановски целиот објект се уште нема имотен лист, односно допрвин треба да биде впишан во катастарот.
 
– Имаме сега доукнижување за другите спратови горе, но овој дел каде што е сместен сега има имотни листови. Тоа е формалност да се добијат, ние секако сега не го користиме целиот дом, домот ќе се користи од септември. Тие два ката каде што е сега комплетирано имаат имотни листови, а другите катови ќе си добијат укнижување, по што било правно, а сега само правиме укнижување, вели Цановски за ТВ НОВА.
 
Дека не е прв пат Цановски да не ги почитува законите за градење, потврдија и градоначалникот на Општина Гази Баба и поранешниот министер за транспорт и врски кои детално ги образложија сите пропусти при градењето на Космос, како и одбивањето на Цановски да постапи согласно насоките на институциите.
 
-Космос согласно законот за градење започна да се гради со одобрение за градба, но за жал во текот на градбата инспекторката кога отиде на лице место констатира дека објектот се гради спротивно на одобрениот проект, спротивно на архитектонско-урбанистичкиот проект и спротивно на деталниот урбанистички план, односно дека е дивоградба. Затоа и понатаму се пристапи кон соодветно постапување согласно законот на отстранување на објектот, посочи Тони Трајковски, градоначалник на општина Гази Баба.
 
-Со кажувањето дека многу малку имало отстапување дека објектот се рушел политички не е точно, туку сите правни аспекти во случајот Космос е согласно Законот за градење и  сите судски инстанци во Република Македонија имаат потврдено дека објектот е рушен согласно сите позитивни законски прописи, истакна Миле Јанакиески, поранешен министер за транспорт и врски.
 
После ова, се поставува прашањето зошто Катица Јанева го штити Фиат Цановски. Законите во оваа држава важат за сите граѓани, освен за Зоран Заев и неговите соработници. Ниту еден граѓанин не смее да гради надвор од законот, бидејќи нему ќе му биде урнат објектот, но ова правило не важи и за Цановски. Тој заради блискоста со Заев, не само што може да гради на диво, туку и секој обид на државата да го санкционира неговото незаконско работење може да заврши со постапка против институциите од страна на Катица Јанева, имајќи ги во предвид последните најави во медиумите дека Јанева ќе отвара предмет поврзан со уривањето на дивоградбата Космос.