Бизнис
14. August 2020 - 16:45

Зошто и како пропадна „Еуростандард банка“? Што треба да прават граѓаните кои имаат сметки и заглавени пари?

Пензионерите, лицата кои земале плата преку Еуростандард, како и примателите на социјален и детски додаток, ќе мора да си отворат сметки во друга банка, каде ќе им легнуваат следните уплати. Фондот за пензиско ги информира пензионерите тоа да го направат најдоцна до  21 август.  Единстено ќе треба да достават известување до банката преку која сакаат да им се врши исплатата, а потоа самата банка ќе ги информира ПИОМ. Нема потреба да одат до шалтерите на Фондот, информираат од пензиско.

Примателите пак на социјален, детски додаток и згрижувачките семејстава нова банка имаат рок да одберат до 25 август. Задолжително мора да го известат одговорното лице во банката дека преку транскациска сакаат понатаму да им се врши исплата на нивното право. Овие корисници немаат потреба да одат центрите за социјална работа за да земат социјален број, наведуваат од Министерството за труд.

Останатите граѓани, кои имаат заштеди до 30 илјади евра, да бидат спокојни. Фондот за осигурување на депозитите ќе избере банки преку кои ќе си ги добијат парите во законскиот рок од 20 дена.

Со згасувањето на Еуростандард над 100 илјади граѓани останаа со блокирани сметки и без можност да си ги користат своите пари за подмирување на основните животни потреби.